Газдата на ПСЖ „плачел“ во УЕФА поради кореографијата на Делии?!

Газдата на францускиот гигант Пари Сен Жермен, Катарецот Насер Ал Келаифи се пожалил во Европската фудбалска унија (УЕФА) за кореографијата на навивачите на Црвена Звезда, Делии на последниот меч со ПСЖ во Белград со кој беше спуштена завесата за оваа сезона во групите во Лигата на шампионите.

Делии пред мечот со ПСЖ стандардно направија кореографија за воодушевување на која нацртаа шеик и камила со порака „Барате ли нешто“, а на другите две трибини ја отсликаа годината и „големите уши“, како алузија на европската титула која ја има белградскиот гигант, а ја сонува парискиот клуб.

И според одредени медиуми, Ал Келаифи се слушнал со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин за да му се пожали за кореографијата, која силно го погодила. Но, Чеферин му порачал дека во истата не гледа ништо спорно, ниту навредливо.

ПСЖ победи со 4-1 за да го завери првото место во групата и сега го очекува пресметка со Манчестер јунајтед во февруари во осминафиналето.