Газдата на Монако продаде уметничка слика за – 450 милиони долари!

Газдата на францускиот шампион Монако, Дмитри Риболовљев поставил светски рекорд откако продал уметничка слика од Леонардо Да Винчи за неверојатни 450 милиони долари. Оваа продажба се случила на аукцијата на Кристи во Њујорк.

Риболовљев во оваа година заработи речиси 400 милиони евра од продажбата на низа свои ѕвезди од Монако, од Килијан Мбапе (парите ќе ги добие за шест месеци), преку Темуе Бакајоко, Бенџамин Менди, Бернардо Силва, а со продажбата на сликата тој практично за една година има неверојатна заработка од речиси една милијарда долари.

Продажбата на уметничката лика насликана од Леонардо Да Винчи е портрет на Исус Христос, а интересно оваа слика минала низ многу раце. Во 1958 година била продадена за само 50-на евра и тогаш се шпекулирало дека е добар фалсификат. Риболовљев истата ја купил пред четири години кога цената ѝ била над 100 милиони евра и сега заработува трипати повеќе.

Со приходот од сликата, рускиот олигарх, кој е близок пријател и на Роман Абрамович од Челси, може да купи двајца Мбапевци.