Фудбалски ѕвезди од Англија во паника – проститутка објави автобиографија со сочни детали

Големи фудбалски ѕвезди од Англија „седат на трња“ откако една од најелитните проститутки на Островот, Хелен Вуд ја промовираше својата автобиографија „Машки свет“, во која се претпоставува дека се имиња на неколку исклучително познати фудбалски имиња.

Најмногу веројатно во паника е Вејн Руни, актуелниот фудбалер на ДЦ-Јунајтед во американската МЛС-лига и легенда на Манчестер јунајтед. Во биографијата како што е објавено по медиумите, англиски репрезентативец имал редовно секс со Хелен, а еднаш ја расплакал откако ѝ покажал ехограф од трудната сопруга.

Медиумите шпекулираат дека е Руни, кој со својата сопруга Колин имаат четири сина. Хелен не сакаше на промоцијата да открие детали, па затоа и по медиумите започнаа разно-разните шпекулации.

Во биографијата, Хелен посочува дека на една „дружба“ со англиски репрезентативец сведок бил Рио Фердинанд, а дека друга ѕвезда од неа барала да најде уште една девојка за да има оргии со другарите.

„Не канеше на четворка. Тој со свој пријател, јас и моја колешка. Никогаш не правеше проблем за цената. Во бањата не чекаа 1.200 фунти, кои си ги поделивме“, е извадокот од биографијата на Хелен.

Инаку проститутката објави дека имала секс со четворица премиерлигашки фудбалери, тројца актери, еден политичар, судија, пилот, полицаец на висока позиција.