Фудбалерите на Јунајтед се израдуваа по заминувањето на Мурињо (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се раздели со тренерот Жозе Мурињо, откако искусниот стратег имаше лоши резултати, а на социјалните мрежи се појави интересно видео во кое може да се забележат дел од фудбалерите како го прославуват тоа.

Познато е дека Пол Погба не беше во добри односи со Мурињо, па тој и Џеси Лингард, очигледно решија да се позабавуваат откако беше соопштено дека Португалецот повеќе не е тренер на „црвените ѓаволи.“