Фудбалерите на Интер се наежија: На гости им дојде ѕвезда и им одржа концерт! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер нетрпеливо ја чекаат новата сезона, да покажат дека ова е најсилниот тим, по европскиот шампион на Мурињо во 2010 година. И онака високата мотивација денеска им ја стимулираше славен гостин на тренингот.

Среде теренот, со хеликоптер долета оперскиот тенор Андреа Бочели. Го пречекаа Лучано Спалети и луѓе од клубот, а потоа влегоа во просториите на тренинг-центарот, каде што чекаа играчите. Сите се поздравија со Бочели, а потоа тој им одржа мал концерт. Им ја испеа познатата арија „Несун дорма“ од операта „Турандот“, а откако заврши екна силен и долготраен аплауз проследен со овации. На крај Бочели си доби и дрес, со бројот 10.