Фудбалери на Атлетик Билбао основаа бенд – свират профи! (ВИДЕО)

Фудбалери на баскиската гордост Атлетик Билбао, вкупно шестмина, формираа музиски бенд и веќе објавија една своја песна која брзо собра преку 100 илјади прегледи на Јутјуб и станаа вистински хит во светскиот фудбал.

Очигледно фудбалерите од Билбао не знаат само да играат фудбал, туку и се профи и за музика, па нивната група „Орсаи“ ја објави првата пезна „Оне Клуб Мен“ која ја изведоа на Баскиски.

Станува збор за фудбалерите Оскар Де Маркос, Микел Белензијага, Микел Весга (тројцата се гитаристи), Дани Гарсија (тапани), Ињиго Леке (бас гитара) и Асиер Вилјалибре, кој свири на труба и пее. Фронтменот на групата Вилјалибре е човекот кој неодаман во финалето на шпанскиот Суперкуп го даде голот за продолженија против Барселона (2-2), по кои Атлетик стигна до трофеј со триумфот со 3-2 после дополнителните пола час игра.

Ова е бендот на Атлетик...

..., а вака звучи нивниот прв музисчки хит во Баскија.