Фудбалер во Франција вторпат фатен како мастурбира на јавно место

Алжирецот во француски Анже, Фарид Ел Мелали има сериозен проблем откако вторпат за два месеци бил фатен како мастурбира на јавно место, па сега се соочува со парична казна и едногодишна затворска казна.

Ел Мелали во мај годинава бил фатен како маструбира пред својот дом во кој живее и тоа додека ја гледал комшиката која се разголела во својот двор. Но тогаш, Алжирецот мина без никаква казна, само со опомена да внимава на своето однесување, а јавно ѝ се извини на комшиката и на целата јавност за својот потег.

Но, очигледно сето тоа не помогнало многу, па вчера бил уапсен откако бил фатен повторно како мастурбира, а по изјава на сведок сега е започната постапка против него. Ел Мелали сега се соочува со парична казна од 15.000 евра и едногодишна затворска казна.

Алжирецот сезонава во Лига 1 до прекинот (Франција комплетно го откажа доигрувањето на сезоната) малку помина на теренот, поради чести повреди, а во осумте меча на кои настапи даде пет гола.