Фудбалер на Сити жестоко казнет поради објава на - Твитер!

Еден од најдобрите фудбалери во редовите на Манчестер Сити, Бернардо Силва, доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 50.000 фунти од Фудбалската Асоцијација за неговиот контроверзен твит со Бенџамин Менди.

Силва првично беше обвинет за лошо однесување од страна на ФА во октомври, откако Португалецот твитна фотографија со Менди кога бил дете, а до сликата прикачил и маскота, со наслов „Погодете кој e?“.

Оваа фотографија беше прифатена како расистичка од страна на челниците на ФА, па поради тоа му изрекоа казна на играчот од средниот ред.