Фудбалер на Ц. Звезда доби две деца од две различни жени (ВИДЕО)

Ако некој има навистина луда животна приказна, тогаш тоа е дефинитивно напаѓачот на Црвена Звезда, Лоренцо Ебицилио.

Холанѓанецот на 17. јануари 2017. година доби две деца, но немаше да биде ништо чудно доколку станува збор за близнаци. Меѓутоа, децата на Ебицилио се од две различни девојки од Русија.

Двете Русинки раскажаа интересна приказна во едно шоу, а фудбалерот на Црвена Звезда во тоа време настапуваше за руска Мордовија. Ана Бугаева и Дарија Данилина почнаа судски процес против напаѓачот и тоа поради неплаќане на алиментација.

Ебицилио на крајот прифатил да плаќа алиментација од 1.500 евра на секоја, а снимката од гостувањето на двете девојки во емисијата се појави на „Јутјуб“.