Финалето во Данска прекинато бидејќи навивачите не одржуваа социјална дистанца (ВИДЕО)

Во текот на првото полувреме финалната средба во Купот на Данска беше прекината поради тоа што навивачите не го почитуваа правилото на социјална дистанца на трибините.

Во Данска е дозволен одреден број на навивачи, но тие мораат да го почитуваат правилото на социјална дистанца поради Ковид-19.