Фил Џонс секоја вечер добива урнебесни фотографии: Тоа е моето проклетство...

Англискиот дефанзивец Фил Џонс неодамна го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, во кој ќе остане до 2023 година.

Овој 27-годишен фудбалер на „Олд Трафорд“ стигна во 2011 година од Блекбурн и на изненадување на многумина дури осум години успеа да се задржи во Јунајтед.

Џонс засекогаш ќе остане запаметен по своите смешни изрази на лицето од натпреварите на Јунајтед и репрезентацијата на Англија.

Фудбалерот има голем број фотографии на кои лицето му е урнебесно, а откри дека неговите пријатели најмногу се шегуваат со него, па секоја вечер му испраќаат нова фотографија.

„Тоа е моето проклетство, а пријателите знаат да го искористат. Секоја вечер добивам нова фотографија. Не ми е јасно каде ги наоѓаат. Навикнав на тоа да му се смеат...“, вели Џонс.