Фернандеш шутирал врати, а потоа тргнал да се тепа со обезбедувањето (ВИДЕО)

Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш, кој летово беше голема желба на еден куп европски гиганти, целосно полуде по мечот меѓу Спортинг Лисабон и Боависта (1-1).

Соиграчот на Стефан Ристовски го постигна единствениот погодок на мечот, а потоа доби црвен картон, по што Фернандеш буквално збесна.

Фернандеш најпрво удрил една врата, а потоа жестоко се „истурил“ на другата врата на патот кон соблекувалната. Потоа обезбедувањето го предупредило дека не смее тоа да го прави, а тој бил подготвен да се степа и со нив.

Сепак, за среќа некако успеале да го смират и да го испратат во соблекувалната на Спортинг.