Федерер е големо име, ама во Швајцарија да гради каде сака – нема да може!

Роџер Федерер, најтрофејниот светски тенисер во моментов на сите времиња е големо име во Швајцарија, најпопуларна личност, човек со многу пари, ама кога станува збор за градење – не може да прави што сака.

Ако во Македонија, Федерер би посакал и би добил дозвола да изгради нешто било каде, во Швајцарија тоа не е можно, па дури и да станува збор за сериозна инвестиција, на приватно земјиште... Швајцарецот има имот од 18.000 квадрати на езеро во близина на Цирих, недалеку од местото Раперсвил Јона. И посакал „Федекс“ да гради на тоа место, делот од езерото да го направи јавно за сите, да изгради голема вила со разни комплекси од згради и тениски терени.

Но, тоа што Федерер сака, не може да помине туку така. Прво зашто државата сега прво ќе прави студија за инфраструктурниот план и дали тој ќе одговара, но дури и да помине тоа, Федерер ќе треба да ги убеди граѓаните на Раперсвил во целисходноста на проектот.

А, тие граѓани веќе се побунија дека не го сакаат за комшија. Причина е што и сега тој дел го посетуваат многу луѓе, па тие што живеат го немаат потребниот мир. Но, ако Федерер изгради што наумил, па сето тоа стане јавно, бројот на посетители ќе биде уште поголем, орди на навивачи би доаѓале во комплексот и со тоа ќе се наруши мирот.

Плус здружението за заштита на природата и езерата во Швајцарија веќекренаа глас против Федерер, зашто изградбата може да го наруши комплетната структура на биолошки и животински свет во тој дел. Сега тој спор треба да го решаваат државните власти.

Засега на Федерер му е дозволено да гради куќа во Раперсвил-Јона, кој има нецели 27.000 жители и е дел од округот на Сент Гален. Швајцарските медиуми од пред неколку месеци објавуваат дека Федерер, кој е роден во Базел, планира да се пресели во овој дел.