Евра со урнебесен клип го прослави доаѓањето на Роналдо во Јувентус (ВИДЕО)

Поранешниот француски репрезентативец и бивш играч на Јувентус, Патрис Евра еуфорично го прослави доаѓањето на најдобриот светски фудбалер Кристијано Роалдо во Јувентус.

Евра и Роналдо заедно играа во Манчестер јунајтед, по што Португалецот замина во Реал Мадрид, а Евра во Јувентус, па играше за Марсеј, Вест Хем...Французинот сега на урнебесен начин го прослави доаѓањето на Роналдо во таборот на „старата дама“. Облечен во дрес на Јуве, му посакува топло добредојде на Португалецот.