Египетска легенда ќе го камшикуваат во Саудиска Арабија за навреди кон – навивач!?

Египетската легенда Ахмед Хосам или попознат како Мидо, кој е бивш фудбалер на Ајакс, Марсеј, Рома, Тотнем и Мидлзбро се соочува со жестока казна во Саудиска Арабија и тоа со кампикување, поради навреди на социјалните мрежи упатени кон еден навивач.

Мидо беше тренер на саудискиот Ал Вахда и откако навредил еден навивач, сега експресно добил отказ од клубот, но построгата казна доаѓа поради прекржување на строгите исламските закони во Саудиска Арабија, каде најстрого се забрануваат пцовки и навреди. Според традицијата за вакви пцовки досега казната била – камшикување.

Египќанецот го навредил навивачот, кој на социјалните мрежи побарал оставка од него за слабите резултати, но во образложението за „скандалот“ изјавил дека тој такви пцовки не напишал, туку дека профилот на Твитер му бил хакиран.

„Јас ја почитувам одлуката на раководството, но мојот профил беше хакиран и ќе ги искористам сите можни средства за да го докажам тоа“, рекол Мидо.

Навредата која ја упатил и се појавила на Твитер, експресно потоа била избришана, но останала забележана од клубот и од властите, а Мидо потоа објавил дека благодарение на Алах го вратил својот верификуван профил.

„Саудиските закони се јасни дека за било какви навреди и закани на социјалните мрежи следува казна. Саудиските весници веќе објавија дека секој што ќе навреди државјанин на Саудиска Арабија ќе биде казнет со десет камшици. Тој и понатаму е во опасност навистина да биде казнет“, рекол извор од клубот за медиумите од оваа арапска земја.

Мидо во јануари го презема Ал Вахда и го водеше во 13 меча со скор од шест победи, три ремија и четири порази.