Едвај спасил глава: Претседателот на Ливерпул доживеал вистинска драма во авионот!

Еден од сопствениците на премиерлигашот Ливерпул, Мајк Гордон, преживеал вистинска драма утрово на аеродромот во Ливерпул, пренесува британски „Скај Спорт“.

Гордон се враќал од Бостон и слетал на аеродромот „Џон Ленон“, но пилотот изгубил контрола, па едвај успеал да го врати авионот во нормала, излизгувајќи се по влажната писта и завршувајќи во тревата.

Во авионот покрај Гордон имало и три други лица, а сите поминале без повреди.

Се во најдобар ред со Мајк, мина без никаква повреда. Би сакал да му се заблагодари на персоналот на аеродромот за нивната одлична работа, изјави портпаролот на Ливерпул по инцидентот.

По оваа порака се огласи и портпаролот на аеродромот.

Можеме да потврдиме дека инцидентот што се случил утрово кога приватен авион со тројца членови на екипажот и еден патник е поради губење на контрола, па морал да слета на пистата, се вели во соопштението.

Патем, Гордон е милијардер и претседател на групацијата „Фенваз Спорт“ која управува со клубот од „Енфилд“ од 2010 година.