Еден куп жестоки казни за тепачите на дуелот Галатасарај - Фенербахче

Турскиот фудбалски сојуз ги објави казните за учесниците во тепачката по завршуање на големото дерби во Истанбул помеѓу Галатасарај и Фенербахче.

Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим е казнет со седум натпревари забрана за водење на тимот поради навреди кон судиите на конференцијата за медиумите, а фудбалерите на Фенербахче, Жаилсон доби осум натпревари казна, додека Роберто Солдаде нема да може да настапи на шест дуели.

Казнети се и фудбалерите на Галатасарај. Баду Ндиаје доби пет дуели суспензија, Гери Мендеш Родригез три, а Рајан Донк ќе „одмара“ шест натпревари.

Тренерот на Галатасарај, Хасан Сас доби осум натпревари забрана да го предводи својот тим.