Ѕвезда во НФЛ го фатиле со 70 килограми марихуана – го чека 20 години затвор!

Ѕвездата во американски фудбал (НФЛ), Грег Робинсон се соочува со голема затворска казна од 20 години, откако бил фатен со 70 килограми марихуана, откако во неговиот автомобил при рутинска контрола била пронајдена лесната дрога.

Робинсон бил сопрен од полицијата и било утврдено дека марихуаната е прокриумчарена од Мексико, а покрај големата пратка во неговиот автомобил биле пронајдени и 23 тегли, електронска вага и 3.100 долари кои биле кај неговиот другат и бивш фудбалер, Кван Бреј.

Ѕвездата на Кливленд Браунс веднаш бил успасен заедно со неговиот другар и сега се соочува со голема затворска казна. Робинсон и Браунс се познаваат уште од колеџ, зашто играа заедно во Обурн.

Робинсон беше втор пик на драфтот во 2014 година и досега заработи 30 милиони долари, ама очигледно малку му биле тие пари, па решил и со дилање на дрога да си ги зголеми приходите.