Ѕвезда на Сити си фати преубава девојка, ама мора да ја праша мајка му кога да ја бакне!?
Но, иако многумина му завидуваат на Жесус, сепак Бразилецот си има една голема мака и тоа со – својата мајка. Не дека Вера не ја сака Фернанда, туку Габриел мора да бара дозвола од мајка си кога да ја бакне својата нова девојка. Веројатно и прашува кога да ја легне.
Дури и ако Вера му одобри бакнување, а најчесто е забрането тоа да биде во јавност, има поставено лимити кои не смее да се прекршат и за сите тие има – логично објаснување.
„Девојките мора да живеат по мои правила. Нема страсни бакнежи во јавност, а девојката може да ни остане на гости само во специјални моменти. Нема никога да прифатам мојот син да не почивува нечија ќерка и туку-така да ѝ направи дете. Јас многу добро знам како е тоа, зашто минав низ нешто слично“, вели Вера.