„Џинот“ Марјановиќ се тепа со Кијану Ривс во третиот дел на „Џон Вик“ (ВИДЕО)

Денеска се појави „трејлер“ од третото продолжение на филмот „Џон Вик“ во кој главната улога ја толкува популарната холивудска ѕвезда Кијану Ривс. 

Сигурно не знаевте дека во филмот се појавува и српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ. Џинот од Лос Анџелес клиперс има мала улога во филмот и е еден од противниците на Ривс, односно на неговиот лик Џон Вик.