Џејмс Харден одбра урнебесен тим на „ФИФА 19“ (ФОТО)

Оние кои ја играат видео-играта „ФИФА19“ сигурно се запознаени со „ФИФА Ултимејт Тим“. Постојано има познати личности кои формираат свој тим, против кои можете да ги одмерите силите. 

Изминатата недела НБА-ѕвездата Џејмс Харден формираше свој тим. Во почетната постава на кошаркарот доминираат фудбалери од Реал Мадрид, Марсело, Сеерхио Рамос, Рафаел Варан, Дани Карвахал, ја формираат одбраната. Во средниот ред се Пол Погба и легендарниот Сократес, потоа Винисиус Жуниор и Герет Бејл, а нападот го состави со двајца легендарни напаѓачи на „кралевите“, Раул и Роналдо.

Сепак, поинтересна е клупата на неговиот тим, каде што се најдоа фудбалери кои строго се препознатливи по својата брада, како Арда Туран, Миле Јединак и голманот Тим Хауард. Не за џабе прекарот на Харден е „Брадата“.