Двајца навивачи на Бока обвинети за убиство: Мамо, умирам зашто сум навивач на Ривер!

Ривер плејт го освои трофејот во Копа Либертадорес, откако во реваншот од финалето на „Сантијаго бернабеу“ ја победи Бока јуниорс со 3-1, сепак неколку дена по големиот спектакл пристигнуваат ужасни вести од Аргентина.

Аргентинските медиуми пишуваат дека 21-годишниот навивач на Ривер, Есекил Арон Нерис, бил убие провинцијата Мисионес од двајца навивачи на Бока јуниорс, кои го претепале и го избоделе во левата нога, односно ја погодиле главната артерија.

Навивачот плачел од бол и неговите зборови испратени кон мајка му се застрашувачки.

„Умирам, умирам, ме нападнаа затоа што славев, зашто сум навивач на Ривер“, кажал младиот Есекил.

Момчето било пренесено во болница, но умрело неколку часа подоцна. Според фамилијата, мотивот за нападот бил дресот, кој го носел младиот дечко.

„Тие го убија мојот син, тој само си одеше, имаше и операција на ногата, па тешко се движеше. Докторите се обидоа, но не успеаа да го спасат. Тие го нападаа и покрај тоа што син ми едвај се движеше и се однесуваа кон него како со куче“, вели мајката на навивачот.

Полицијата работи на случајот и ги уапсило двајцата напаѓачи, 18 и 22-годишни навивачи на Бока јуниорс, кои се обвинети за убиство и наскоро ќе им се суди.