Дури и ООН протестира: Меси заработува двојно повеќе од 1.700 најплатени фудбалерки - заедно! (ФОТО)

Обединетите нации ги објавија резултатите од истражувањата од заработката во машкиот и женскиот фудбал и така дојдоа до неверојатен податок. Имено, еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел Меси годишно заработува 84 милиони евра, додека 1693 фудбалерки во седумте најсилни лиги, заедно заработуваат 42.6 милиони евра.

Затоа оваа меѓународна организација сака оваа разлика драстично да се намали. Во Франција во текот на СП за фудбалерки, токму на оваа тема се говори. Фудбалерките побараа од федерациите поголеми бонуси за настапот во првенството.

Интересно, Американките минатата сезона заработија 51 милиони долари, а тоа еден милион повеќе од машките колеги. Во Обединетите нации се залагаат на фудбалерките да им се зголемат платите за да можат да ја осигураат својата егзистенција.