Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Кевин Дурант, се раздели пред неколку месеци од Касандра Андерсон, но таа девојка многу брзо ја заборави.

Негова нова избраничка е атрактивната Сабрина Бразил, девојка која често објавува провокативни фотографии на Инстаграм, а има и 73.000 фанови.

Иако уште нема потврда дека се во врска, американските медиуми пишуваат дека тие сигурно се заедно, а Сабрина е трета избраничка на Дурант во последните три години.