Дојдоа да гледаат фудбал, па на полувреме им пуштија – порно филм!?

Навивачите на англиски Бристол роверс очекуваа завчеравечер да гледаат сјаен меч од пресметката во Карабао-купот со Кроули, но за тоа што платија, добија и многу повеќе – на полувреме им пуштија порно филм.

Циркусот се случил на полувреме од мечот, кој го гледале на видео-бим на стадионот во пабот, па наместо „Скај Спорт“ во еден момент се појавил на екранот „Бејбстејшн“, локален ТВ-канал со порнографска содржина. Стотината навивачи, меѓу нив и жени и деца, гледале еротски сцени и сето тоа предизвикало голема непријатност кај организаторот.

Во клубот веднаш се оградиле од инцидентот, потенцирајќи дека некој „неодговорен навивал“ со универзално далечинско го направил целиот проблем.

„Целата ситуација ќе биде испитана, ама верваме дека поседуваме фотографии од лицето кое предизвика непријатност на стадионот и ќе преземеме соодветни мерки во врска со тоа“, рекоа од Бристол роверс.