Доби доживотна забрана за влез на стадион поради расистичките навреди кон Фред! (ВИДЕО)

Во саботното дерби во Манчестер, Јунајтед го совлада Сити со 2-1 како гостин, дозволувајќи му на Ливерпул да избега дури 14 бода во однос на „граѓаните“.

Покрај поразот, Сити претрпе уште еден удар и тоа од своите навивачи. Во 67-та минута, кога Фред требаше да изведе корнер, беше „бомбардиран“ со монети, запалки и шишиња, а камерите уловија и еден „навивач“ кој правеше мајмунски потези.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солшер, повика тој да биде трајно исфрлен од стадионот, а Сити преку соопштение откри дека токму тоа ќе биде спроведено.

Свесни сме дека има видео на социјалните медиуми на кој се гледа навивач како расистички гестикулира кон гостинските играчи. Клубот, во соработка со полицијата во Манчестер, работи на идентификување на сите инволвирани, како и фрлањето предмети на теренот. Секаков вид дискриминација и ако некој се покаже дека е расистички злоставувачки, доживотно ќе му биде забранет пристап на стадионот, се вели во соопштението на Сити.