Дипломирањето го прославија во чест на својот идол – Мохамед Салах (ФОТО)

Студенти на машинскиот факултет во египетскиот град Порт Саид решија да го прослават своето успешно завршување на факултетот на необичен начин.

Студентите се преправија како Мохамед Салах, египетскиот фудбалски бог, а потоа со своите тела го напишаа презимето на ѕвездата на Ливерпул. Ваквиот потег воопшто не треба да чуди, затоа што Салах е идол на цел Египет, не само поради своите фудбалски квалитети, туку и поради човечките квалитети и несебичната помош кон сиромашните сограѓани.