Најсексапилната новинарка во Италија, Дилета Леота која работи за ДАЗН и стана секс-симбол на Калчото добива опасна конкуренција во нова секс-бомба на Чизмата и тоа во Франческа Барамбилја.

Франческа сега е сериозна ривалка на Дилета за титулата „најубава новинарка“, зашто моделот од Бергамо неодамна доби работа во телевизискиот концерн Медијасет и според најавите на медиумите веќе се екипира тимот за Калчо-лигата.

Нема сомнение дека жестока ќе биде битката од летово помеѓу новинарките, ама тоа што најмногу ги радува фудбалските навивачи е освен во фудбалот, ќе може и плус да исплакнат очи за време на мечевите од најсилната италијанска фудбалска лига.