Дембеле е тотално луд: Полесно е една година без пријатели, ама не и без – видеоигри!?

Едно од најскапите засилувања во историјата на шпанска Барселона е Осман Дембеле, младата француска ѕвезда која дојде од Борусија Дортмунд за 120 милиони евра откако Нејмар направи светски рекорден трансфер во ПСЖ, но младиот Французин многу повеќе беше во аут и не ги оправда парите, наместо на терен.

И главен виновник за неговата засега лоша авантура во Каталонија, со исклучок на моментални блесоци, е неспортскиот живот. Одамна шпанските медиуми објавуваа дека Дембеле има сериозен проблем со зависност од брза храна и видеоигри, а сето тоа лошо делува на неговото тело и потоа плод на сè се – безбројните повреди.

И дека е ептен зависен од видеоигри, Дембеле призна за клупската интернет-страница на Барса, каде го запрашаа што е полесно, една година без пријатели или исто толкаво време без видеоигри?

Одговорот ги шокирал многумина – Без пријатели!