Фудбалерот на Тотнем, Деле Али е на годишен одмор во Грција, каде што ужива со неговата згодна девојка Руби Меј.

Фоторепортерите ги пронајдоа на плажа и направија неколку фотографии од љубовниот пар на кој се гледа како разменуваат нежности.

Тие двајца се во врска уште од 2016 година, кога преубавата Руби стана позната и ги мамеше воздишките на фановите за време на Европското првенство во Франција.