Дејан Савичевиќ не дошол на свадбата на ќерка му!

Тамара Савичевиќ, ќерката на легендарниот Дејан Савичевиќ, се венчала со фудбалерот Александар Каписода, но нејзиниот татко не се појавил на нивната венчавка.

Тамара и Александар пред три месеци добиле ќерка, а потоа направиле свадба во еден хотел во Црна Гора, но засега не е познато зошто Савичевиќ не бил присутен на свадбата.

Кратка изјава за медиумите даде сопругот на Тамара, кој ја потврдил венчавката, но не открил зошто Савичевиќ не бил присутен на свадбата.

„Ве молам, јас не сум дел од таа приказна и не би сакал да коментирам. Разберете ме. Ви благодарам на честитките“, порача Каписода.