Деца прекинаа натпревар поради однесувањето на своите родители (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Малага и Спортинг на возраст до 12 години се случи интересна ситуација. Децата кои настапуваат за Малага го прекинаа натпреварот против Спортинг поради однесувањето на своите родители.

Освен тоа што имало вулгарни извици од родителите, наводно дошло и до физички дуел, а на децата тоа не им се допаднало. Тие отидоа до местото каде што се наоѓаат родителите, се прегрнаа и им го свртеа грбот. Овој потег го подржа тренерот на Малага, но и останатите навивачи.