Циркузи: Дете кое собира топки спаси чист гол (ВИДЕО)

Второлигашката пресметка во Алжир помеѓу Челегхом и Батна донесе неверојатна сцена во која дете кое собира топки зад головите, успеа да спаси чист гол, но тоа многу не помогна зашто судијата досуди потоа пенал.

Циркузот се случи по еден контранапад, откако домаќините кои губеа на мечот тргнаа на сѐ или ништо, па со сите сили отидоа по корнер во противничкиот шеснаесетник, а гостите тоа го искористија за контра во која имаа шанса за гол и празна мрежа, додека не се појави детето кое пола метар пред гол-линијата ја шутна топката и не дозволи таа да влезе во мрежата.