Циркус во Аргентина: Тренер му удри шлаканица на помошник зашто му било досадно (ВИДЕО)

Тренерот на Депортес Толима, Алберто Гамеро во петокот му удри шлаканица на својот помошник Алберт Аријас во текот на меч од Копа Судамерикана.

Се играше 84 минута од средбата, а резултатот беше 0-0, па очигледно на Гамеро му беше досадно и реши да му удри шлаканица на помошникот, кој беше изненаден, па потоа се обиде да му врати на ист начин.

Дури потоа беше откриено дека тоа била нивна шега и дека не е првпат Гамеро на ваков начин да го удри.