Чупо-Мотинг го „истрола“ Мбапе: Поздрави ја, тоа е мајка ми... (ВИДЕО)

ПСЖ минатиот викенд победија со 5-0 против Амиен, па така ја продолжија доминацијата во француската Лига 1, каде што убедливо се на врвот на табелата.

Еден од најдобрите на теренот повторно беше 19-годишниот Килијан Мбапе, кој повторно се запиша во листата на стрелци и така ја потврди одличната форма во која се наоѓа.

Сепак, по дуелот се случи еден интересен момент, кој дури сега се појави во јавност, односно Ерик Максим Чупо-Мотинг успеа да го измами младиот француски напаѓач, кој испрати поздрав до непозната жена на трибините.

Чупо-Мотинг му кажа на Мбапе дека тоа е неговата мајка и да испрати поздрав, а младиот напаѓач поверува во тоа, но набрзо сфати дека бил „истролан“.