Чудни ритуали: Ванда Нара гореше слики од Икарди во име на – љубовта (ВИДЕО)

Контроверзната Ванда Нара, сопругата на аргентинската ѕвезда Мауро Икарди направи потег за кој навивачите на голгетерот на Интер помислија дека двоецот е пред развод, откако слики од својот сопруг реши да ги изгори. Бизарно или не, сепак, тоа било само ритуал за да се зацврстела љубовта.

Икарди и Ванда во моментов преживуваат тешки денови, не околу семејството и врската, туку поради фактот дека станаа доста омразени кај приврзаниците на „нераѕурите“ со одолговлекувањето на новиот договор, по што добија големи свирежи на „Џузепе Меаца“ изминатиот викенд.

И Ванда како некаков врач реши да направи циркус, па на социјалните мрежи објави како гори заеднички фотографии со Мауро. Многумина помислија дека разводот е реалност, ама испадна дека сето тоа било во име на љубовта, а е традиција во Аргентина. Обичајот бил на денот на роденденот за да се зацврсти врската, сликите да изгорат.