Чудесниот спектакл на Торцида во Сплит се виде и од – вселената (ФОТО)

Чудесниот спектакл што вчера на полноќ го направи Торцида, кога со еден тон пиротехника и сигнални ракети го запалија небото во Сплит, кој блескаше во знак на 70-от роденден на најстарата навивачка група, се гледал дури од вселената.

Невидениот спектакл е забележан од вселенските станици, па фотографија од блесокот над Сплит бил очигледно видлив, зашто Торцида запали стотици светлечки ракети, а илјадници ракети за огномет во неповторливиот спектакл во срцето на Далмација.