Чуден начин на подготовка: Фјури седум пати дневно мастурбирал за мечот со Вајлдер!?

Мечот за светската боксерска титула во тешка категорија помеѓу Тајсон Фјури и Донтој Вајлдер, закажана за 22 февруари со нетрпение ја очекува светската јавност, па во ек на подготовките на двата боксери, Британецот Фјури без срам објави некој нов чуден начин на подготовка.

Фјури објави дека комплетно е фокусиран на најдобрата можна подготовка, веќе е во САД, каде 31-годишниот боксер од Манчестер ги одбројува деновите на нешто повеќе од еден месец до борбата...

„Правам многу работи кои претходно не ги правев. Јадам пет до шест пати дневно, пијам осум литри вода. Подготвен сум да направам сè, ако сето тоа ми помогне да бидам уште подобар. А, да и да не заборавам – седум пати дневно мастурбирам. Продолжувам да го пумпам својот тестостерон“, вели Фјури.

Последната борба помеѓу овие двајца тешкаши заврши без победник, нерешено, во борбата во декември 2018 година. Иако Британецот доминираше во текот на целата борба, на крајот поради нокдаун во последната рунда – не победи.