Цел свет му се смее: Новиот тренер на Лестер го истрола Мурињо!

Англиските медиуми пишуваа дека Манчестер јунајтед ќе го урне рекордот за дефанзивци и ќе го купи Хари Мегваер од Лестер сити, но на крајот тоа не се случи.

Само неколку часа пред крајот на преодниот рок Клод Пуел реши да одговори на прашањето на новинарите за неговиот играч и потенцијалниот трансфер, па го истрола Жозе Мурињо.

„Можам да потврдам дека Мегваер ќе оди во Манчестер, но само неколку часа во петок да одигра еден натпревар“, кажа Пуел.

Преодниот рок во Англија заврши, а Мурињо остана со празни раце, па интересно ќе биде да се види дали уште долго ќе остане на клупата на „црвените ѓаволи“.