Брутална пресметка на навивачи во Рим - едно лице се бори за живот! (ВИДЕО)

Немили сцени пристигнуваат од Рим, каде што навивачите на Лацио и Севилја крвнички се тепале синоќа пред пресметката на двата тима во Лигата на Европа.

Најтешко настрадал еден Шпанец, кој се бори за живот, а во болница со полесни повреди завршиле уште и Италијанец, Шпанец и Американец, кој случајно настрадал.

Причината за пресметката не е позната, а полицијата го истражува инцидентот. Па, во меѓувреме се појавија  снимки и слики од инцидентот.