Болт добива наследник: „Молњата“ на интересен начин објави дека чека дете (ФОТО)

Најбрзиот човек на светот и сè уште актуелен светски рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт ќе добие наследник, откако на социјалните мрежи Јамајканецот се пофали дека очекува принова со својата свршеница Каси Бенет, со која е во врска од 2014 година, а таа неколкупати му ги прости секс-аферите со други девојки.

Болт на многу интересен начин објави дека неговата партнерка Бенет е трудна и дека чека принова.

„Доаѓа крал или кралица“, објави легендарниот спринтер на социјалните мрежи.

Болт е вистинска спортска ѕвезда, кој доминираше во атлетиката и постави рекорди кои засега тешко дека ќе бидат соборени на најбрзите спринерски дисциплини. Бенет е четири години помлада од јамајканскиот атлетичар, кој освои осум златни олимписки медали, а уште 11 од светските првенства и е споственик на светските рекорди на стотка (9,58 секунди) и на 200 метри (19,19 секунди).