Боксер го нокаутираше противникот па славеше како Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

Шакрам Гиасов синоќа дојде до својата петта победа на петтиот меч во професионалната боксерска кариера. Узбекистанецот го нокаутираше Хулио Лагуна и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

Бидејќи оваа борба беше една од оние загревачките пред главниот спектакл на „Вембли“ помеѓу Ентони Џошуа и Александер Поветкин, узбекистанскиот боксер малку го понесе фудбалската атмосфера и победа во рингот ја прослави во стилот на Кристијано Роналдо.