Бизарно: Питер Крауч ќе му даде име на својето дете за да заработи од обложувачница!?

Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч, кој пред една деценија ѝ донесе победа на Англија во Скопје го очекува своето четврто дете со сопругата Аби Кланси и планира да му даде име Самрат по неговиот омилен индиски ресторан.

Делува бизарно и чудно, но желбата на Крауч да го крсти детето Самрат, а скратено Сем е поради добрата добивка што може да ја заработи на обложувачници. Името Самрат имало коефициент 1-100 (на една фунта се добиваат 100), па така би бил во двоен ќар. Дури и се сложил со сопругата новороденчето да се вика скратено Сем, за таа да не се лутела.

„Еден од обложувачите прифаќа облози за името на моето ново дете. Хери е на врвот, а на 1-100 било името Самрат. Имам неколку луѓе што ми велат: Мора тоа да го направиш! Самрат Крауч! Тоа е генијално, зашто потоа ќе го викате Сем. За името Шејн коефициентот беше уште поголем. Моментно Хери е на врвот, а и тоа име ми се допаѓа. Самрат, пак е име што може да го дадете и на машко и на женско. Инаку на листата се Хери, Јакоб, Џун, Мери, Самрат, Хет-трик...“, вели Крауч