Бизарно: „Гугл“ го помеша Ибрахимовиќ со починат музичар!? (ФОТО)

Неверојатен пропуст направи „Гугл“, а нивна „жртва“ овојпат беше шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Еден од корисниците на Твитер објави дека барал познати ди-џеи и случајно се изненадил кога видел дека под името на починатиот музичар Авичи е претставен токму Ибрахимовиќ.

Веднаш ја објави фотографијата на социјалните мрежи, па наскоро може да очекуваме одговор од Швеѓанецот, кој најверојатно нема да остане мирен.