Бизарна борба: Боксерка доби четири удари, па избега од рингот (ВИДЕО)

Во изминатиот период често гледаме пресметки во рингот меѓу инфлуенсери, па така вчера беше забележана една бизарна борба.

На едната страна на рингот беше Даи „Митбол“ Блеквел, а на другата девојка со прекарот Јха Јха, која набрзо сфати дека боксот не е спорт за неа.

Блеквел тргна во напад уште на стартот, а нејзината противничка по четири удари реши да избега од рингот.