Бивш НБА-кошаркар го избркаа од Кина поради жешки сцени во - ноќен клуб! (ФОТО)

Кинеските закони може да бидат бизарни, но без сомнеж се строги и тоа на своја кожа го почуствува поранешниот НБА-кошаркар Тај Лоусон.

Кошаркарот, кој во претходните три години играше во Кина, доби забрана за играње во земјата откако на Инстаграм објави неколку фотографии од ноќен клуб.

Американецот се фотографирал во жешки пози со една девојка од Кина во ноќен клуб, а потоа остави коментари кои не им се допаднаа на главните луѓе на кошаркарската федерација.

Поради тоа му беше доделена доживотна забрана за настап во Кина и сега американскиот кошаркар ќе мора да си бара нов тим.