Додека ние игравме со лилјак на грбот, вие во Америка бркавте бизони!

Валенсија е еден од најуспешните шпански клубови веднаш зад недопирливите Реал Мадрид и Барселона, а тимот од „Местаља“ слави 100 години од постоењето. Формирани во 1919 година, Валенсија е шесткратен шампион, седумкратен победник на Купот, освојувачи на Купот на УЕФА, на Купот на куп-победниците, двапати финалист во ЛШ...

И овој стогодишен клуб сега се соочува со тужба од САД и тоа од издавачот „ДЦ Комикс“, творците на славниот лик Бетмен (човекот лилјак), поради тоа што на грбот на Валенсија стоел – лилјак. Валенсија одамна има прекар лилјаци, а Американците тврдат дека нивно е автентичното лого, иако лилјакот е симбол на Валенсија уште од 12 век.

И на најавите за тужба од Бетмен кон клубот, ескпресно дојде реакција од „Месталја“ со која со три збора ги посрамотија Американците.

„Додека овој тим играше со лилјак на грбот, луѓето во САД сè уште бркаа бизони“, е реакцијата од Валенсија.