Беше нападнат од противничките играчи, па се спасуваше со корнер-знаменцето! (ВИДЕО)

Екипата на Индепендиенте до 20 години од Еквадор си резервираше место во финалето на Копа Либертадорес со победата од 3-2 против Ривер плејт од Уругвај, но овој меч го одбележа еден инцидент.

Фудбалерот на Индепендиенте, Ангело Пресијадо беше нападнат од противничките фудбалери, а за да се спаси од нивниот бес, тој мораше да го искористи корнер-знаменцето.