Беше најголема голманска надеж, сега ќе гние в затвор до крајот на животот!

Тешко дека некој воопшто го знае Омар Ортис Урибе, мексикански голман кој во земјата на „сомбреросите“ важеше за најголмата надеж, иднина на Мексико и наследник на легендарниот Хорхе Кампос, но...

Урибе во 2002 година на Голд Купот дебитираше со Гватемала, а две години подоцна Кампос се пензионираше. Цело Мексико веруваше дека тој е наследникот на легендарниот чувар на мрежата. Но, остана на тој единствен настап за репрезентацијата. Брзо кариерата наместо нагоре, доживеа голем пад, иако беше на поширокиот список, играше за Монтереј, Атлетико Селаја, Некакса, Чиапас, Атланте...

Осум години по дебито за Мексико падна на допинг и потоа почна пеколот, кој сега завршува со 75 години затвор. Фудбалот Урибе го замени со криминал. Влезе во злогласните нарко-картели во земјата, а најдобрите соиграчи преку ноќ станаа – дилерите! По две години суспензија, тргна да се врати на фудбалот, но наместо на терен заврши во затвор. Обвинет дека е дел од банда на киднапери.

Мина цели седум години во затвор додека траеше судењето против злогласната банда, која киднапирала луѓе. Беше спроведен во најлошиот затвор, Сересо Седерејта во Нуево Леоне. Додека траело судењето, голманот имал животна битка зад решетките – како да преживее. Поради соработка со полицијата преживеал еден куп физички напади, а пред две години избегнал смрт, откако затвореници се обиделе да го убијат. За малку ќе го загубел и окото.

Затворот каде Урибе преживувал е озогласен поради кршењето на човековите права, затвор каде нема правила, а во последните години дузина криминалци биле убиени во ривалски пресметки во затворот.

И во истиот тој затвор Урибе сега ќе остане до крајот на својот живот. После неговите седум години борба за опстанок зад решетки, толку време траеше судскиот процес и на крај заврши со тешка казна – 75 години во ќелија..

Учествувал во илјадници киднапирања. За секоја дојава добивал по 4.500 евра, а покрај соработка со бандата киднапери, обвинет бил и за криумчарење на кокаин и распродажба на дрога.

Урибе денеска можеше да биде мексиканска легенда, можеби и тренер, ама наместо тоа сега во најлошиот мексикански затвор до крајот на животот ќе се бори да преживее во „барата со крокодили“ во Нуево Леоне.