Бернадески се тетовираше во чест на Астори (ФОТО)

Италијанскиот репрезентативец и член на Јувентус, Федерико Бернадески беше голем пријател со капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој пред десетина дена почина во сон пред мечот со Удинезе.

Двајцата беа соиграчи во „виолетовите“, пред Бернадески да се пресели во таборот на „старата дама“. Фудбалерот на Јувентус сега во чест на Астори направи тетоважа која ја објави на социјалните мрежи.

„Би сакал да си тука, ДА13. Пријатели засекогаш“, напишал Бернадески.

„Очите ми се полно со солзи, а срцето скршено. Ти бладодарам за пријателството, ќе мо недостигаш, но вечно ќе те паметам. Ќе се молам за твоето семејство, сопругата и малата принцеза“, напиша Бернадески.